На “ферка” со Вордпрес!

Во својата презентација би сакал да се осврнам на можностите кои ги нуди ВП за почетниците, кои се предностите и зошто оваа платформа нуди одлични(скоро идеални) можности за покренување сајтови, од оние најпростите функционално, па се до сложените.
Искуството на почетник кој ги поминал сите фази на подготовки, разработување, инсталирање, сетирање, ажурирање, како и инсталација на додатни алатки вон ВП на сајт кој работи претежно со корисници од странство би бил одличен начин да се демистифицира скепсата дека ВП е платформа која изискува премногу техничка поткованост и факултет по инф. тех., технолошки фак., металуршко-индустриски фак., Факултет за дизајн и мултимедии и уште 5,6 курсеви 🙂
Во својата презентација ќе се осврнам на некилку аспекти: 1. Почетните искуства во контакт со ВП, 2. Можностите што се предност кај оваа платформа а нудат одлични унапредување на посакуваниот производ, 3. Предизвици, 4. Зошто ВП е моментално најдобрата платформа земајќи ја предвид цената наспроти квалитетот/оддржливоста. 5. Зошто сеуште користам и размислувам како ВП фан!

Speaker